„Можеби ова ќе биде последен пат во Австралија…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роџер Федерер се надева дека ќе игра уште минимум 2-3 години и размислува на долги патеки за својата тениска кариера.

Федерер нема играно уште од операцијата на коленото во јули, а на теренот се враќа на Хопман купот од први јануари.

„За пензија размислувам само кога ме прашуваат. Не гледам на тој начин, дека ова би можело да биде мој последен настап во Австралија, иако и тоа може да се случи. Позитивен сум, имав 6 месеци пауза и се надевам дека ќе играм уште 2 или 3 години.“

Федерер четири пати го освои Австралијан Опен, а минатата година изгуби во ½-финале од Ѓоковиќ.