Може ли да се случи чудо: Коефициентот дека Хрватска ќе станат прваци нагло падна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Обложувалниците конечно почнале да веруваат во селекцијата на Хрватска.

Иако Хрватска има инзвореден тим составен од многу добри играчи кои покажаа дека може да ги победат и најдобрите светски репрезентации, обложувалниците не им даваа големи шанса пред почетокот на Првенството во Русија.

Имено, пред почетокот на првенството обложувалниците даваа коефициент од 45 за Хрватите да бидат прваци во светот, но се се промени откако ,,Ватрените” синоќа ја демолираа Аргентина.

Квотата нагло падна па сега Моцарт нуди коефициент ,,само” 17 за тоа дека хрватите ќ его кренат трофеј во Русија.

Интересно е сега што коефициентот за Аргентинците е дури 30. Хрватска сега е седми фаворит за освојување на Светското првенство.

Први сеуште се Бразил со коефициент од 5.00, додека на второ место се Шпанија со 5.50. Потоа следи Франција со 8.00, Германија со 9.00, Белгија со 9.50, а пред Хрватска е уште и Англија со коефициент од 13.00.