Мората ги помина медицинските прегледи – наскоро потпишува со нов клуб! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Алваро Мората ги помина медицинските прегледи пред трансферот во Атлетико Мадрид од Челси.

Мората по пристигнувањето во Мадрид веднаш замина на универзитетската клиника, а потоа ги доби резултатите и се пофали пред новинарите дека контролата поминала во ред.

Со тоа што ги помина медицинските прегледи, Мората во текот на денот ќе потпише договор со Атлетико, а потоа ќе биде и официјално претставен.

„Луѓето знаат од каде сум и ја знаат мојата приказна“, вели Мората.