Мората го менува клубот, ќе им се освети ли на Јувентус?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доаѓањето на Игуаин во Челси значи крај за Мората. Тој иако се води како најголемо засилување, барем според платата, сепак веројатно ќе го напушти клубот.

Отпаднаа варијантите за враќање во Италија, за Милан е прескап, во поранешниот негов клуб Јувентус нема место. Севиља нема пари, остана само уште една опција, Атлетико.

Имено, Мадриѓаните би сакале да го земат на позајмица, со можност за откуп, Симеоне наговести нешто такво.

Тој ќе се врати таму каде што ги направи првите чекори и ќе биде замена за повредениот Коста, кој не е во најдобар однос со тренерот а и со играчите.

Можеби ќе добие прилика и за освета против Јувентус. За околу месец дена Јорганџиите ќе се сретнат со Старата дама во рамките од осмина финалето на Лигата на шампионите.