Мората се враќа во Италија?


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Напаѓачот на Реал, Алваро Мората доби понуда од Италија.

Екипата на Милан која најавува големи работи во наредната сезона, подготви понуда за Мората и сакаат да го видат во наредната сезона во свои редови.

Мората е незадоволен со фактот дека е втор напаѓач зад Бензема, па најави заминување.

Интерес за 24-годишниот напаѓач покажаа тимовите од ПЛ. Се споменуваше како потенцијално засилување на Челси, но во игра се вклучи и Милан.

Милан создава нов тим и најавени се големи вложувања. Мората наводно би можжел да биде едно од новите лица во соблекувалната во Милано, а преговорите ќе бидат извршени по финалето во ЛШ.

Со ова, Мората би можел да се врати во Серија А, каде што 2 сезони играше за Јувентус.