Мората се спакувал, неговото семејство веќе е во Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извори блиски до „Скај Спортс“ дознаваат дека трансферот на Алваро Мората од Челси во Атлетико Мадрид би можел да биде комплетиран во следните неколку часови.

Семејството на Мората пристигнало во Мадрид во текот на вчерашниот ден, а се очекува набрзо и напаѓачот да им се придружи во главниот град на Шпанија.

Доколку се случи ваквиот трансфер, Мората сигурно нема да биде омилен кај „Кралскиот клуб“, место каде што се изгради како фудбалер.

Челси го донесе Мората во јули 2017 година од редовите на Реал Мадрид за сума од 57 милиони фунти.