„Мора да внимаваме на Ибра!“


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Конте пред дерби натпреварот против Јунајтед е свесен дека најголема опасност е Ибра.

Челси во 33-то коло во ПЛ ќе гостува кај Јунајтед, а доколку Челси победи, тогаш тие ќе имаат големи шанси да стигнат до титулата. Сепак, прво ќе мора да го сопрат Ибра.

„Мислам дека Ибра е во топ форма. Тој во овој момент е врвен играч. Не само како напаѓач, туку како играч на целиот тим. Добро е во тимот да се има таков тип на играч.“

„Мора да ја организираме одбраната и да испратиме посебно внимание на него, затоа што кога ќе ја прими топката, Ибра е многу опасен.“

Челси има 8 бодови повеќе во однос на 5-то пласираниот Јунајтед.