„Моторот ќе биде подобар од тој на Мерцедес до крајот на 2017“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Француски Рено до крајот на идната година ќе произведе мотори кои ќе можат да се споредат со тие на Мерцедес.

Рено во моментов со свои производи го обезбедува Ред Бул.

Реми Тафин е уверен дека до почетокот на 2018-та година нивниот производ ќе биде најдобар.

„Не верувам дека оваа зима ќе успееме да го намалиме заостанувањето, не сум сигурен во тоа, но на крајот на идната година ќе се доближиме до Мерцедес.“

Исто така, тој изјави дека нивните производи се на висина на тие на Ферари и дека во идната сезона Ред Бул не би требало да има проблеми против Италијанците.

За крај додаде дека 2017-та година ќе биде пресврт во Рено, бидејќи ако се биде по планот до почетокот на 2018-та година ќе имаат предност против Мерцедес.