„Мундо Депортиво“: Ливерпул купува талентиран фудбалер од Реал за 180 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул планира да се засили во летниот преоден рок со неколку фудбалери, кои ќе му помогнат на тренерот Јирген Клоп во борба за трофејот во Премиерлигата.

Шпанските медиуми пишуваат дека Клоп како најголема желба во летниот преоден рок го означил Марко Асенсио, за кого планира да потроши 180 милиони евра.

„Мундо Депортиво“ пишува дека германскиот тренер нема лесно да се откаже од потписот на младиот Шпанец, па ќе направи сè што може за да го донесе на „Енфилд“.

Асенсио сезонава одигра 53 натпревари за Реал Мадрид, а без сомнеж ќе биде еден од најважните играчи на Ливерпул, доколку пристигне во нивната екипа.