„Мундо Депортиво“ му додели дури и број на Малком во Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Малком се наоѓа во центар на внимание, откако вчера се договори со Рома, но во последни моменти го одложи заминувањето во Рим бидејќи Барселона испрати понуда.

Малком вчеравечер беше на аеродромот и требаше да слета во Рим на лекарски прегледи, но Бордо во меѓувреме доби подобра понуда од Барселона, по што Бразилецот се врати дома.

Каталонците понудија четири милиони повеќе од Рома, а наводно агентите на играчот веќе го договораат трансферот во Барселона.

„Мундо Депортиво“ објави дека Малком речиси сигурно ќе ја продолжи кариерата во каталонскиот гигант и му доделија дури и број на крилниот напаѓач. Тие пишуваат дека Малком во Барселона ќе го носи дресот со број седум.

„Седумката“ инаку е најомилен број на Малком, кој со многу успех го носеше во Бордо.