„Мурињо навистина е посебен“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бранислав Ивановиќ оваа зима после 9 години го напушти Челси и потпиша за Зенит.

Во тој период Бане соработуваше со доста тренери, од кои ги издвојува Карло Анчелоти и Жосе Мурињо.

„Мурињо навистина е посебен. Тој од секого го извлекува најдоброто. Спрема него никој неможе да биде рамнодушен, или го сакаш или го мразиш. Тоа го прави посебен и мило ми е што имав шанса да соработувам со него. Мурињо од тебе извлекува некои работи за кои и ти незнаеш дека ги поседуваш“ – изјави Ивановиќ.

На прашањето поставено од новинарите како е Анчелоти спрема Мурињо Ивановиќ одговори:

„Сосема различен тип, но секој фудбалер би сакал целата кариера да ја помине со Анчелоти. Тој е многу мирен. Секогаш сета негативност ја прима, на играчите им пружи мир. Потполно е различен од Мурињо, но и двајцата имаат успеси“