Мурињо отфрли секаква можност за трансфер на Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо ги отфрли сите можности Манчестер Јунајтед да испрати понуда за Кристијано Роналдо.

Зборувајќи по победата од 5:2 над Лос Анџелес Галакси, Мурињо истакна дека сака да донесе уште засилувања покрај Линделоф и Лукаку.

Сепак, Португалецот ја отфрли можноста Ронадо да се врати на „Олд Трафорд“ ова лето.

„Никогаш не помисливме на тоа затоа што тој е многу повеќе од важен играч за неговиот клуб, кој е неверојатно финансиски моќен. Не бевме во можност да пронајдеме причина, што и да е што би не натерало да се обидеме да тргнеме по Роналдо. Нема да си го трошам времето мислејќи на играчи кои за нас се ’невозможна мисија’“- коментираше Мурињо.

Во јавноста излегоа шпекулации дека Кристијано Роналдо побара да замине од Мадрид поради обвинувањата дека Португалецот затајувал данок.