Мурињо призна: Кога ја видов групата, знаев што нè очекува!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, по поразот на „олд Трафорд“ од Јувентус беше искрен како никогаш досега.

Иако „црвените ѓаволи“ загубија само со 1-0, на теренот можеше да се види доминација на актуелниот италијански шампион.

Мурињо се помири со фактот дека Јунајтед до крајот на групната фаза ќе води битка за второто место, но интересно беше да се слушне што очекувал.

„Кога видов со кого сме во група, знаев дека првото место е резервирано за Јувентус, а ние ќе се бориме за втората позиција со Валенсија. Јувентус е најквалитетен тим, па според мене тие се едни од најголемите кандидати за трофејот во Лигата на шампиони“, кажа Мурињо.