Муса Дембеле и официјално во Кина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер за врска Муса Дембеле од денес е и официјален нов член на кинескиот тим Guangzhou R&F.

Тој изненадувачки го напушти Тотнехем и откако пристигна примамлива понуда од Кина во овој преоден рок тој одлучи да ја продоли кариерата во Далечниот Исток.

Тој денес беше претставен во дресот на новиот клуб, каде што тренер е Србинот Драган Стојковиќ Пикси.

Од познатите играчи во клубот играат српскиот интернационалец Душко Тошиќ и израелскиот напаѓач Еран Захави. Тотенхем за Дембеле доби 11 милиони евра.