Навас е сензацијата на зимскиот трансфер период: Следна дестинација Арсенал или Рома?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Реал, Кејлор Навас би можел наскоро да ја промени средината.

Тој на Инстаграм профилот се поздрави со навивачите на Реал со порака: „Ви благодарам за се“.

Тоа само ја покрена лавината шпекулации бидејќи шпанските медиуми и претходно во текот на денот пренесоа дека Арсенал испратил понуда во висина од 16 милиони евра.

Дали е во прашање навистина трансфер на „Емирати“ или не, ќе покажат следниве денови, бидејќи од друга страна стигнуваат вести за тоа дека во битката свое учество заземала и Рома која летово на Ливерпул го продаде својот голман, Алисон Бекер.

Кога станува збор за Арсенал, тие летово од Баер го доведоа Лено, па поголема е веројатноста Навас да биде долгорочна замена за искусниот Петар Чех, кој најверојатно летово ќе го напушти клубот од Лондон.