Навивачите изгласаа недоверба: Ристовски останува без претседател во Лисабон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Спортинг Лисабон, Брун Де Карваљо, објави на Фејсбук дека ќе замине од екипата, откако навивачите изгласаа недоверба.

Дури 71% од навивачите кажале дека сакаат Карваљо да ја напушти претседателската позиција. Клубот имаше лош крај на сезоната, откако хулигани нападнаа неколку играчи, па дури деветмина од нив го напуштија клубот.

Незадоволството е сè поголемо кај навивачите, па поради тоа Карваљо немаше друго решение освен да соопшти дека ќе замине од екипата.

Клубот, чиј нов тренер е Синиша Михајловиќ, до избор на нов претседател на осми септември, ќе биде воден од привремен комитет.