Навивачите на Барса против Јувентус ја рушат долгогодишната традиција

Фудбалерите на Барселона во среда навечер на Ноу Камп го играат реванш мечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Јувентус.

Каталонскиот клуб во првиот меч во Торино е поразен со високи 3:0 и јасно е дека пред екипата на Луис Енрике е тешка задача.

Но, Барса верува дека после ПСЖ може да остварат уште едно чудо и да изборат пласман во полуфиналето на ова натпреварување.

Навивачите на Барса се спремни за овој натпревар, и подготвија посебна кореографија за мечот против Јувентус.

Ова ќе биде историски ден и за навивачите бидејќи прекинуваат една долгогодишна традиција.

Имено, сите досегашни кореографии беа на каталонски јазик, а по прв пат во историјата пораката на навивачите ќе биде на англиски јазик.

Крај на уште една ера.