Навивачите на Реал пред „Бернабеу“ бараат враќање на Мурињо! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера беше поразен на домашен терен во Ел Класико со 0-1 од Барселона, па потоа следуваше нов бран на критики за тренерот Сантијаго Солари.

„Кралевите“ во само три дена загубија двапати против Каталонците на домашен терен, па навивачите не се задоволни и бараат смена на Солари, односно враќање на Жозе Мурињо, кој во моментов е без ангажман. Португалецот работи како стручен коментатор на телевизија по отказот во Јунајтед.

По синоќешниот пораз од Барселона, навивачите на „кралевите“ се собраа пред стадионот и го повикуваа претседателот Флорентино Перез и скандираа повторно да го донесе Мурињо на тренерската клупа.

Да потсетиме, Португалецот беше предводник на Реал Мадрид во период од 2010 до 2013 година.