Навивачите на Јувентус ја претераа: Смртни закани до новородената ќерка на Симеоне


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера Јувентус претрпе пораз од Атлетико Мадрид од 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Веднаш по првиот погодок на Хименез, аргентинскиот тренер на Атлетико, Диего Симеоне се израдува со непримерна гестикулација и поради тоа навивачите на Јувентус многу се налутија.

Сепак, некои од нив отидоа предалеку и на фотографијата која ја објави Симеоне заедно со својата новородена ќерка, Валентина му посакаа и му се заканија со смрт него и на малото бебенце.

Имаше и такви фанови на „Старата дама“ кои му ја честитаа победата и го „одбранија“ од другите лоши коментари.