Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер синоќа играше на домашен терен против Рапид во Европа лигата, а навивачи на овој клуб дојдоа облечени во дресови на Диего Годин.
Секако, причината е сосема јасна. Сакаа на овој начин да ги испровоцираат навивачите на Јувентус, откако Атлетико Мадрид ја победи оваа екипа со 2-0 во првиот меч од 1/8 финалето од ЛШ.
Стрелец на вториот гол за Јорганџиите беше токму Годин кој веќе неколку месеци се поврзува со премнување во Интер.
Инаку, покрај презимето Годин на дресовите стоеше и занимлив број 2-0, алудирајќи на резултатот од тој меч.
Инаку Интер синоќа го победи Рапид со 4-0 и се пласираше во 1/8 финалето од Лига Европа.
Godin ?? pic.twitter.com/bWzinP8T0E
— Fady Fakhoury???? (@FAF_91) February 21, 2019