Навивачи што ќе кажете на ова – Конте веќе го договори првото засилување за ЛШ?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот кој се враќа во елитата наредната година, а најверојатно и како англиски шампион ќе има неколку измени. Едно засилување е договорено.

Конте има едноставен план, а тоа е на сегашниот тим да му додаде 3 или 4 големи засилувања во сите линии од тимот и на тој начин да го подготви тимот за ЛШ.

Јасно е дека Челси, кого сите го гледаат како шампион во ЛШ, ќе треба да се засилува за наредната сезона.

Роман Абрамович е подготвен да вложи пари, а наводно првото засилување е веќе договорено.

Станува збор за Артуро Видал кого Челси ќе го плати повеќе од 60 милиони евра.

Тој не е задоволен во Баерн, а со сите сили сака повторно да работи со Конте.

Втора мета на Конте е Мората, а најверојатно тој ќе стигне во текот на летото.

Куртоа останува, без оглед на желбата да го напушти Лондон, а Челси ќе го засили тимот со стопер, а желби се Маркињос, Бонучи и Манолас.

Тимот ќе го напуштат Ивановиќ и Фабрегас, а на продажба е и Батшуаи, како и неколку млади фудбалери како Мусонда.