Надал „пецна“ новинар кој заспа на неговата прес-конференција (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер на кратко ја прекина конференцијата за медиумите поради новинарот кој „задрема“ на работа.

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се пласираше денес во второто коло на Отвореното првенство во Австралија, бидејќи на стартот на турнирот го совлада домаќинот Џејмс Дакворт.

Надал славеше против 238. тенисер на светот со 3:0 по два часа и 17 минути игра.

„Задоволен сум поради победата против тешкиот противник. Секој почеток е тежок, но секој ден прави да се осеќам подобро“, истакна Надал по победата.

На конференцијата за медиумите која следеше по мечот видена е и многу комична ситуација. Рафа ја прекина новинарката која му постави прашање бидејќи забележа дека еден од присутните претставници на медиумите спие.

Бидејќи го разбуди поспаниот новинар, Рафа на шеговит начин ја прокоментира ситуацијата.

„Денес не е интересно… Знам да затворате очи за да бидете фокусирани на она што го зборувам“, со насмевка констатираше Надал.