„Надал ќе игра уште 3-5 години!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карлос Моја, тренерот на Надал, вели дека тенисерот ќе игра уште 3 години најмалку.

Надал на крајот на годината дефинитивно ќе ја прекине соработката со својот чичко Тони, па Моја уште сега стана негов прв тренер.

„На Надал му останаа од 3 до 5 години.“

„Ќе биде скоро невозможно да ги повтори резултатите кои ги имаше во минатото, но од друга страна јас сум играч кој освои голем број Грен Слемови и беше прв во светот. Тоа мојата работа ја прави полесна. На добар тренер секогаш му е потребен добар играч за да биде успешен.“

Надал на почетокот на годината играше Финале на АО, а тоа беше негово прво финале на Грен Слем од 2014 година.