Надал ќе се бори за прво место: Мареј во борба за 3-то место во Абу Даби


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На пријателскиот турнир во Абу Даби добивме финалисти. За прво место ќе играат во сабота Рафаел Надал и Давид Гофин. За трето место ќе се борат Енди Мареј и Милош Раониќ.

Малку неочекувано, иако станува збор за пријателски натпревар, Давид Гофин го победи Енди Мареј со 7:6 и 6:4 и се пласираше во финалето.

Надал имаше малку потешка задача, но успеа да го победи Раониќ со 6:1, 3:6 и 6:3.

Првиот дуел во денот беше натпреварот за 5-то место во кој Цонга го победи Бердих во 3 сетови и тоа со пресврт, односно 6:7, 6:3 и 10:3.

Натпреварот за 3-то место се игра од 10:00, а финалето се игра попладне.