Надежите поразени од Србија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 21 година претрпе пораз од соодветната репрезентација на Србија со 2:0.

На терените на спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ избраниците на Благоја Милевски не успеаја да стигнат до позитивен резултат против фаворизираната Србија и со тоа го запишаа својот прв пораз на домашен терен после цели три години.

Србија беше подобар тим во текот на целиот натпревар, а победата ја обезбеди уште во првото полувреме. Најпрво за 1:0 погоди Лукиќ во 22. минута кој ја искористи грешката на одбранбените фудбалери, додека на 2:0 зголеми Андрија Живковиќ во 37. минута.

Нашите надежи имаа шанси преку Ѓорѓев и Тотре, но за жал не успеаја да стигнат барем до почесен погодок против северниот сосед.