Наинголан: За кого гласав? За Дијамантот, кого го нема во идеалниот состав…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во пресрет на доделувањето на „Златната топка“ која беше во центарот на вниманието во спортскиот свет, синоќа награди се делеа и во Италија.

Манифестанцијата „Gran Gala del Calcio“ ги собра на едно место најдобрите фудбалери од Серија А. Одбран е најдобриот тим на годината, а епитетот најдобар играч му е доделен на Мауро Икарди.

Секако, најмногу награди им припаднаа на фудбалерите на Јувентус, од кои петтмина се во идеалниот ти, Кансело, Киелини, Алекс Сандро, Дибала и Пјаниќ, а покрај тоа за најдобар тренер е прогласен Масимилијано Алегри.

Многумина ги изненади и тоа што во најдобриот тим не се најде Един Џекој, кој изминатата сезона играше импресивно во дресот на Рома. Вистина, нешто подобра игра нудеше во Лигата на шампионите отколку во Серија А, но многумина мислеа дека повеќе заслужил да биде во тимот на сезоната од Дибала.

Еден од оние кои гласале за Един Џеко е и Радја Наинголан, кој се појави на церемонијата бидејќи исто така беше дел од тимот на сезоната. Некогашниот соиграч на Џеко призна дека е изненаден што на церемонијата не се сретнал со Дијамантото, кој таму го очекувал.

„За кого гласав? За Един Џеко, но него вечерва го нема тука. Секако му честитам на Икарди на наградата“, порача Наинголан, кој во тимот на сезоната е изгласан најмногу поради добрата игра за Рома, за која повеќе не настапува:

„За Рома ме врзува еден убав и значаен дел од кариерата и животот. Проживеавме многу тоа заедно, но се пренасочив кон новите предизвици со Интер. Се што направив со Рома ќе се обидам и со Интер, па и повеќе од тоа“.

Во најдобрииот тим се најдоа: Алисон, Кансело, Киелини, Колибали, Алекс Сандро, Наинголан, Пјавиќ, Миленковиќ-Савиќ, Дибала, Икарди и Имобиле.