Нант поради Сала го повлекува дресот со број 9…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот прволигаш, Нант одлучи да го повлече дресот со бројот 9 со што ќе му оддадат почит на аргентинскиот фудалер, Емилијано Сала кој загина во авионска несреќа.

Сала беше во авионот тип Пајпер Малибу, кој се сруши над Ламанш на 21. јануари на патот кон Кардиф, каде Аргентинецот требаше да ја продолжи кариерата. Со него во авионот беше и пилотот, Давид Иботсон.

Вчера беше извлечено телото кое беше идентификувано како она на аргентинскиот фудбалер.

„Немам зборови. Тоа е голема трагедија, ужасно ми е. Емилијано остави трага и баш затоа како и повеќето навивачи, сакам да му оддадам почит со повлекување на дресот со број 9“, истакна претседателот на Нант, Валдемар Кита.

„Емилијано засекогаш ќе биде меѓу легендите кои испишаа историја во Нант“, додаде клубот.

Чест на загинатиот фудбалер му оддадоа и другите клубови и фудбалери од сите страни во светот.

„Засекогаш ќе биде со нас во мислите. Со голема тага ја примивме последната вест. Сочувство до семејството“, се наведува со соопштението на Кардиф.