Наполи – Анчелоти магнет, една од две големи ѕвезди стигнува во Наполи?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Наполи преодниот рок е концентриран на тоа да ја сочуваат основата на тимот, го продадоа Жоржињо, ќе оддолеат за продажба на останатите играчи како Мертенс, Кулбали и Каљехон, а Анчелоти побара од тимот да останат заедно.

Но од друга страна, Де Лаурентис пробува да доведе една голема ѕвезда.

Навивачите сонуваат за враќање на Кавани, но тоа е невозможна мисија, поради тоа што Уругваецот треба да се откаже од големи пари за да се врати.

Анчелоти контактираше двајца играчи. Едниот е Ди Марија, другиот е Бензема. И двајцата ги има тренирано, двајцата не можат да дојдт, бидејќи Де Лаурентис нема доволно пари.

Ди Марија е близу до Наполи во овој момент, би пристпаил на смалување на договорот, а ПСЖ сака да го продаде. Што се однесува до Бензема, наводно Реал ќе побара 45 милиони евра, што би биле многу за Наполи, а и французинот не е расположен да си оди од Реал, поготово не во Наполи.