Наполи бара голман, три имиња на радарот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Италија, одговорните луѓе на Наполи моментално внимателно следат тројца голмани.

Прва желба е Матија Перин од Џенова.

Одличен голман, замена за Буфон во репрезентативен план и веќе неколку години одлично ја чува мрежата на Џенова. Не е тајна и дека доста големи клубови од Италија се заинтересирани за него.

Марко Спортијело од Аталанта е желба на Наполи, а исто така заинтересирани се и за Коен Кастилс, чуварот на мрежата на Волфсбург.