Наполи подготви понуда за големата желба на Челси и Манчестер!


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Според медиумите, играчот би можел да се пресели во Наполи.

Наполи планира да ангажира големо засилување во редот за врска во наредното лето.

Тие имаат голем број на играчи во својата листа за желби, а таму го има и 19-годишниот Франк Кеси.

За овој играч има голем интерес, Челси наводно веќе испратил понуда за него, но Аталанта не сакала да попушти.

Интерес покажаа и Јунајтед, Рома, Јувентус и Милан, па Аталанта тешко ќе го задржи играчот во својот тим.

Наполи наводно подготвила понуда, а подготвени се за услугите на Кеси да понудат 25 милиони евра и Граси, кој минатата година дојде од Аталанта во Наполи.

Тешко дека оваа понуда ќе ги задоволи нивните апетити, но мора да се проба, па ќе видиме во лето што ќе се случи.