Наполи ќе изгуби многу ако не избори ЛШ, а Челси би можел да профитира!

Според медиумите еден од најважните играчите на Наполи, би можел да го напушти тимот во случај на неуспех оваа сезона.

Примарна цел на Наполи оваа сезона е да продолжи да игра во ЛШ, а тоа ќе успее да го направи само ако се најде помеѓу првите три тимови во Серија А по завршување на сезоната.

Моментално се на место кое води во ЛШ, но поразот од Јуве во купот и Реал во ЛШ крена прашина во тимот.

А треба да се додаде и дека Аталанта им дише во врат, имаат само 3 бодови помалку додека ги победија во минатото коло со 2:0.

Доколку се случи да го изгубат 3-то место и евентуалниот пласман во ЛШ, тогаш Кулибали би можел да замине од тимот.

Калиду Кулибали на сите начини се обидуваше да се пресели во Лондон, а тоа му беше желба минатото лето, но Де Лаурентис не сакаше да слушне за тоа.

Конте бара еден стопер, а поради тоа што не ангажираше ниту еден во јануари, нема сомнеж дека тоа ќе го направи во лето и покрај фактот дека во тимот се враќа Кристенсен, па нема сомнеж дека тој ќе навива за Аталанта до крајот на сезоната да стигне до 3-то место во Серија А.