Направи глупост на годината, па бегаше од својот соиграч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клуј изгуби од Астра (4:3) во купот на Романија, а глупост на годината направи фудбалерот на победничкиот тим Валентин Џорџ.

Клуј во последните секунди од продолжението се обиде да дојде до изедначување, па дури и голманот на домашните отиде во казнениот простор.

Следеше контра, а фудбалерот на Астра Ларенти Бус топката ја упати во мрежата. Меѓутоа Џорџ се упропасти.

Тој ја шутна топката кон гол линијата и беше досуден офсајд. Така Бус остана без гол, а Џорџ побегна од лутиот соиграч.