Настрада вратата: Варди никогаш побесен од поразот против Кристал Палас…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Лестер изминатиот викенд беа поразедни на свој терен против Кристал Палас со 4:1, еден од стрелците на лондонскиот клуб беше и Лука Миливојевиќ.

„Лисиците“ не чекаа долго на реакција, па вчера беше променет Клод Пуел, а неговата замена веќе и се насетува.

Поразот посебно му падна тежок на напаѓачот на Лестер, Џејми Варди кој збесна во соблекувалната и потполно ја демолираше вратата.

Од силниот удар, кај напаѓачот се појавиле модринки, па прашањето беше дали ќе биде подготвен за следниот меч против Брајтон.

Од клубот пристигнаа позитивни сигнали, па Варди веројатно ќе се најде во стартната постава.