Натпревар за аналите: 34 години разлика меѓу двајца играчи на ист тим (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спој на искуство и младост, така често се опишуваат тимовите во кои во исто време играат и млади играчи но и повозрасни фудбалери кои поминале многу во своите кариери.

Сепак, вака драстичен пример како во јапонската втора лига немаме видено никогаш во светот на фудбалот.

Јапонскиот фудбалер Казујоши Миура со своите 50 години минатата сезона најстариот фудбалер кој настапил во еден професионален натпревар. Сега, со 51 година се уште игра за членот на Џеј 2 лигата, Јокохама.

На натпреварот против Гифу, Миура влезе во игра во последните моменти од средбата, а интересно е што претходно шанса за настап доби и 16 годишниот Коки Саито.

Така во високата победа на Јокохама против Гифу (3:0) во ист момент на теренот се најдоа двајца фудбалери меѓу кои разликата е дури 34 години.