„Најголемата грешка во мојата кариера е потписот со Реал!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Порано важеше за еден од најголемите таленти во Италија и Европа, но Касано никогаш не успеа да го достигне целосниот потенцијал.

Касано моментално е слободен фудбалер по раскинувањето на договорот со Сампродија, па така има многу време за размислувањеи интервјуа.

Тој е свесен дека во кариерата можел и многу повеќе да постигне. Сепак, смета дека заминувањето во Реал било неговата најголема грешка.

„Отидов во Реал Мадрид и година и пол подоцна бев многу далеку од вистинската форма. Бев маѓепсан од нивната понуда. Требаше да го послушам Тоти и да останам во Рома 10 или 15 години. Моја најголема грешка е таа година и пол во Реал.“

Да потсетиме, Касано по Реал премина во Сампдорија, а подоцна играше и за Милан, Интер, Парма и Сампдорија.