Најголемата „закана“ за Реал Мадрид сега е минато: Солари успеа да го реши клучниот проблем во тимот..?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сантијаго Солари донесе подобра енергија во играта на Реал, се уште тоа не е нивото кое се очекува од кралскиот клуб, но оди кон патот да закрепне.

Оставината од Лопетеги создаде големи проблеми за Аргентинецот кој веднаш по пристигнувањето на клупата на првиот тим мораше да донесе важни одлуки.

Една од нив е и таа дека за прв чувар на мрежата го постави Тибо Куртоа кој летово е платен 45 милиони евра.

Лопетеги немаше храброст и не умееше да процени кој би требало да биде на голот, па Кејлор Навас и новиот член се менуваа се додека не пристигна Солари.

Тој пресече во корист на Куртоа, Навас не беше задоволен поради тоа и сакаше да замине, меѓутоа по разговор за Аргентинецот ја прифати својата нова улога во екипата.

Нешто што беше закана за проблем во соблекувалната, сега е на своето место.