Најголемиот светски господин во фудбалот: Сер Алекс Фергусон со уште еден потег го воодушеви светот…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клаудио Раниери пред неколку дена доби отказ на клупата Фулам, а наместо него тренер ќе биде Скот Паркер.

Некогашниот фудбалер на Челси доби неочекувана прилика да се покаже како тренер и тоа на клупата на клубот од Премиер лигата. Од Фулам одлучија дека Паркер ќе биде привремено решение, но постои можност да ја задржи работата доколку Фулам се извлече од очајната серија лоши резултати.

За некогашниот репрезентативец на Англија ова е прва теренска работа, а досега работеше само како помошник. Паркер е свесен дека пред него е голем предизвик, но подготвен е да ја искористи оваа шанса.

Новиот тренер на Фулам призна за англиските медиуми дека не знаел дека има толку пријатели, бидејќи телефонот непрестајно му збони откако е избран за тренер на овој тим. Меѓутоа, една порака особено го остави без текст.

„Немам навистина многу пријатели, но телефонот не престанува да ѕвони. Добив неколку фантастични пораки, но останав без текст кога порака ми испрати Сер Алекс Фергусон. Тоа е неверојатно и фантастично од негова страна да ми посака среќа во првиот тренррски ангажман. Ова за мене е инспирација и доказ дека тој е голем господин“, истакна Паркер.