Најденов донесе победа на Работнички против Крупа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Работнички оствари триумф од 2:1 над босанскиот прволигаш Крупа во последниот пријателски натпревар пред почетокот на пролетниот дел од првенството во Македонија.

Крупа поведе со голот на Љубеновиќ во првиот дел, а Работнички иако имаше неколку можности, сепак, не успеа да ги искористи.

Но, во второто полувреме се случи пресвртот. Бојан Најденов израмни со удар од бeлата точка, а потоа постигна уште еден погодок од слободен удар.