„Најлошата сезона во кариерата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид Ферер изјави дека ова му била најлошата сезона во кариерата.

По низата на лоши резултати, Ферер успеа да стигне до ½-финале во Есторил, а во моментов има 5 победи и 7 порази во 2017-та година.

„Знам дека не можам да стигнам до топ 10 повторно. Можам да се подобар, да го сакам тенисот, но ова ми е најлоша сезона во кариерата.“

„Кога ќе сакам повеќе време да поминувам со семејството, тогаш ќе се повлечам, но тој момент сеуште не е дојден.“

Ферер  е 31-ви играч во светот, а најдобар пласман му е 3-то место на АТП листата. Во кариерата има освоено 26 титули.