Најскапиот дефанзивец на Украина избришан од списокот на Шевченко: Причина за тоа е политиката?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатна работа се случи во Украина кога селекторот на репрезентацијата, Андри Шевченко го објави списокот за следните натпревари.

Имено, Шевченко денес го објави списокот за следните натпревари на репрезентацијата на Украина, а многумина веднаш забележаа дека на списокот го нема Јарослав Ракјитски кој е еден од најскапите играчи на оваа селекција.

Ракјитски пред еден месец направи нешто што Украина нема да му го прости, а тоа е што кариерата ја продолжи во Русија. Овој 29-годишен дефанзивец потпиша за Зент, и очигледно веднаш беше избришан од списокот на Шевченко.

Јасно е дека политиката замешала прсти во сето тоа бидејќи познато е дека Украина и Русија воопшто не се во добри односи. Тоа за жал се одрази и на фудбалерот кој поради добрата финансиска понуда замина во Зенит, но очигледно репрезентативната кариера за него завршува тука.