Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн Минхен и Ливерпул утре во Минхен го играат реванш натпреварот од 1/8 финалето од ЛШ.
Средбата на овие великани и тоа како ќе биде интересна, затоа што првиот меч заврши без победник (0-0), причина за ова беа одличните голмани Ноер и Алисон.
Алисон во Ливерпул пристигна за 85 милиони евра од Рома, го споредуваат со Ноер, но тоа тој го одбива.
„Тој е еден од најдобрите во изминатите 10 години, можеби и најдобар. Се освои, а јас само што почнувам. Тој е референца за мене и е одличен голман. Играв против него, а играњето против него е остварување на сон. Мислам дена можам да се споредувам со него“, изјави Алисон.
Најголема закана за голот на Бразилецот би требало да биде Роберт Левандовски.
„Тој е голем напаѓач и можеби еден од најдобрите на светот. Ми се допаѓа неговиот стил и како тој се движи на теренот, така да мораме да бидеме сконцентрирани да пробаме да го запреме него и останатите играчи. Ќе биде одлична игра и спремни сме на тоа“.