„На никого нема да го оправдувам своето однесување“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сагата околу заминувањето на Димитри Паје од Вест Хем денеска конечно заврши, а овој француски играч својата кариера се одлучи да ја продолжи во дресот на Марсеј.

Паје во претходната недела беше во центарот на вниманието на англиската јавност бидејќи одби да игра за Вест Хем, и побара од лондонскиот клуб да го пуштат да се врати во Франција.

Челнците на Вест Хем конечно прифатија, и Паје денеска официјално потпиша договор со екипата на Марсеј.

Овој 29-годишен репрезентативец на Франција со Марсеј потпиша договор на четир и пол години.

Токму од овој клуб во лето 2015 година Паје се одлучи да премине во Вест Хем, но на изненадување на многумина се одлучи да се врати во Велодром.

Многу се шпекулираше за тоа зошто Паје се одлучи да го напушти Вест Хем каде што беше главна ѕвезда и љубимец на навивачите на овој клуб.

„Веќе не се чувствував добро во тој клуб. Не морав да го оправдам своето однесување на никого. Славен Билиќ и јас разговаравме очи во очи и тоа е тоа. За се тоа зборувавме, но сега не е време за тоа. Овој момент сакам да го искористам на тоа што повторно се вратив во овој голем клуб“, рече Паје.

Марсеј за овој играч на Вест Хем плати 25 милиони фунти плус дополнителни односи.

Паје во дресот нафранцускиот клуб треба повторно да дебитира во петок кога Марсеј игра на гостувањето во Мец.