На повидок голема размена помеѓу Јувентус и Ливерпул: Сити „трие раце“ и ќе се обиде да го уништи овој договор…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како гром од ведро небо, арапски Скај објави дека Јувентус сака да го доведе фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Италијанците очигледно се насочија кон вистински правен да обезбедат пари, а Тутоспорт наведува дека во голема размена би можеле да ја „убијат“ цената на фудбалерот на „Црвените“.

Јувентус е подготвен да го жртвува Дибала кој од пристигнувањето на Роналдо не нуди партии какви што се очекуваат од него, па ниту тимот повеќе не зависи толку од Аргентинецот како на пример изминатата сезона.

„Дијамантот“ постигна само два погодоци во 20 настапи во Серија А, што не се бројки за пофалба, но неговата цена и натаму е висока.

Од друга страна, Коријере дело Спорт наведува дека директорот на Манчестер Сити, Ферано Соријано би бил на трибините на Олимпико кога Јувентус ќе ги одмери силите со Лацио.

„Граѓаните“ оддамна покажаа интерес за Дибала чии квалитети Пеп Гвардиола многу ги почитува.

Се шушкаше и за Ливерпул, па ете прилика за челниците на „Старата дама“ да реагираат.