НБА лигата воведува измени за да не се случи повторно размена како онаа помеѓу Селтикс и Нетс


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Тимот на Бруклин Нетс последните две години е закопан на дното во НБА лигата, без квалитетни играчи кои можат да му помогнат и без драфт пикови со кои би можеле да го изградат тимот со млади сили. А причина за тоа е размената која се случи во 2013 година, кога Нетси ги вклучија сите драфт пикови од наредните 4 години за да ги добијат Пол Пирс и Кевин Гарнет, кои во тој момент играа за Бостон Селтикс и беа далеку од своите најдобри денови. Поточно, Нетси се откажаа од пиковите од прва рунда во 2015, 2016 и 2018 година а се согласија и да ги разменат пиковите од 2017 година со методот “Бостон прв бира”, што значеше дека Бостон може да си одбере кој пик сака да го зачува, дали нивниот или оној на Нетс. Кошаркарските фанови ја нарекуваат оваа размена “најлоша на сите времиња”.

 

Сега, неколку години подоцна, откако е евидентно дека иднината на Бруклин Нетс виси на конец поради недостатокот на драфт пикови, НБА лигата ги испитува сите можности преку кои може да направи измени во правилата за да се спречат вакви ситуации во иднина.

Имено, комесарот на НБА Адам Силвер изјави дека тој и целото раководство на лигата зборувале за тоа да се укине можноста “одбери еден од двата пикови” доколку едниот тим веќе му должи на другиот пик во иднина. Звучи комплицирано но еве го и поедноставено: доколку еден тим му ја отстапил можноста на друг тим да си “одбере” еден од двата пика (пикот на Тим А или пикот на Тим Б) на драфтот, тоа значи дека овие два тима нема да смеат да си разменат пикови од драфтот наредната година.

 

Размената на Бруклин Нетс наиде на многу критики и оттогаш беше отпуштен Били Кинг, генералниот менаџер кој ја одобри оваа размена. Нетси полека се враќаат во игра со компетитивен состав, но сигурно ќе поминат уште неколку години пред да остварат било каков успех.