Неверојатен дебакл: Бразилката ја нокаутираше Роуз за 48 секунди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ронда Роуз доживеа дебакл во рингот, една година по бруталниот нокаут на Холи Холмс, сега ја понижи и Аманда Нунес.

Бразилката ја нокаутираше најголемата ММА ѕвезда во женска конкуренција за 48 секунди.

„Вака се ќе сопрам. Знам колку е голема Ронда Роуз. Сите знаат и ја сакаат, но никој нема да ми го одземе појасот.“

Бразилката така го одбрани појасот во бантам категорија, а за оваа борба доби 200.000 долари. Од друга страна, Роуз заработи дури 3 милиони!

Можеби токму тоа ја мотивираше Нунес која ја нападна Роуз уште од првата секунда.

Роуз за разлика од минатиот пораз од пред една година не ја изгуби свеста, излезе сама од рингот.

Нунес има 14 победи во 18 натпревари, а ова беше 6-та победа во првата рунда, по што е рекордер во оваа категорија.