Неверојатниот Лева – Само тој да даваше голови, Баерн повторно ќе играше во Европа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатна сезона позади себе има полскиот напаѓач, таман кога мислевме дека не може подобро.

Роберт Левандовски и овој викенд продолжи да ги тероризира мрежите по Германија. Несреќниот Аугсбург доби шест парчина од актуелниот шампион, а Лева се запиша во три наврати.

Игра во фантастична форма, запиша 14 голови и три асистенции на претходните 10 мечеви во сите натпреварувања!

Стигна до бројката од 24 голови во Бундеслигата, израмнет е со Обамејанг на врвот на листата на најдобри стрелци во германскиот шампионат, а во оваа сезона вкупно на 43 настапи постигна исто толку голови, што значи дека во просек дава гол по меч!

Неверојатен податок, посебно кога се земе фактот дека во Германија останаа уште само осум кола до крајот.

Колку е важен за Баерн, зборува и фактот дека кога би се сметале само неговите голови, Баерн би бил на високото петто место на табелата од Бундеслигата.

Моментално е втор во трката за „Златна копачка“ позади Лео Меси бидејќи има само гол помалку од Аргентинецот во својот шампионат (Шпанија и Германија имаат ист коефициент), а нема сомнеж дека до крајот на сезоната ќе продолжи да ги треси мрежите на противникот.