Некогаш беше фудбалер на Реал, а сега одлично и посакувано засилување за Барселона: Ова е неговата цена!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона сака да најде замена за Луис Суарез, потребен им е млад напаѓач, а нивниот лев бек Џорди Алба би сакал да го види својот пријател од репрезентацијата во дресот на каталонскиот клуб.

Алваро Мората е на мета на Барселона, го носеше дресот на Реал, но тоа не се заврши најдобро бидејќи беше и на позајмица во Јувентус и на крајот продаден за голема сума. Челси го купи шпанскиот напаѓач за 60 милиони фунти, но Мората никако да ја пронајде вистинската форма и не е задоволен со статусот кај Сари, па би можел да побара трансфер.

Не е тајна дека Челси би сакал да го продаде Мората, но проблем е да се најде замена, но и да го продаде по коректна цена. Барселона сигурно може да плати толку колку што „Плавите“ би побарале, а Алба тврди дека овој напаѓач би бил одлично засилување за Барселона.

„Мората е играч кој многу го почитувам, тој е врвен фудбалер. На крајот клубот одлучува дали ќе го донесе или не, но ако гласините се вистинити, тоа би бил полн погодок“, истакна Алба.