Некогаш го излудуваа Инсиње, вчера беше жртва Модриќ

Според Хрватите, ова било „масло“ наорганизаторот. Тие тврдат дека домаќините го „наместиле“ Лука Модриќ, кој како најнизок играч добил највисоко дете пред излегувањето на теренот.

Кога играа Англија и Италија, тогаш Лоренцо Инсиње, кој е исто така низок, го доби највисокото дете за придружба на теренот, а вчера истиот рецепт е применет и со Лука Модриќ.

Постојат теории во ваквите случаеви дека тоа е подвала на организаторот, односно домаќините, но не е исклучено дека ова можеби и случајно се поклопило.