„Немам желба да го напуштам Атлетико“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Антоан Гризман откри дека не сака да замине од Атлетико Мадрид.

Играчот за чија судбина се шпекулира секој ден, засега нема потреба да го менува тимот, иако можно е до крајот на сезоната да се случат непредвидливи работи.

Во разговори за медиумите, Гризман изјави дека знае кога е време да замине, но не се чувствува така во моментот.

„Немам такво чувство во моментот. Кога бев во Сосиедад точно знаев дека треба да заминам, но тоа не ми се случи во Атлетико.“.

Тој смета дека за  него нема место во Барселона и Реал Мадрид поради добрите фудбалери.

„Германија не ме привлекува повеќе, не ја гледам ниту Франција како опција, а сеуште размислувам за Англија.“

Јасно е дека оваа изјава на Гризман нема премногу да влијае на неговото евентуално заминување од тимот.