Нема зима за Мурињо – Стигна нова понуда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гестот на клубот покажува колку доверба имаат во него.

И покрај тоа што е надвор од топ 4 и покрај тоа што клубот има премногу реми натпревари во Јунајтед се убедени дека тој е вистинскиот тренер за нив.

Неговата сериозност, методи на работа се убедливи и тој ќе добие продолжување на договорот.

Португалецот потпишал договор на три сезони, а сега има шанса да го продолжи на уште една година, со опција да остане до 2022 година.

Тоа би бил гест на доверба во неговите можности, иако навивачите очекуваа повеќе.

Сега титулата е невозможна мисија, но од друга страна, Јунајтед е во трка на останатите фронтови, во финалето на Лига купот, ги очекува борба во ФА купот, а наскоро продолжува и натпреварувањето во ЛЕ.